Ќе се гради индустриска зона Каласлари во Велес

Bez autora
Dec 12 2013

По изградбата на двете индустриски зони Комплекс УЗУС и Речани 2 во Велес вчера беше презентиран проектот за изградба и на третата индустриска зона Каласлари. Новата индустриска зона, која се наоѓа во непосредна близина на автопатот Александар Велики, кај мотелот Македонија, веднаш до селото Каласлари, ќе се протега на површина од 190.000 метри квадратни. Општината донесе одлука парцелите за изградба на еколошки објекти да се продаваат по пат на електронско јавно наддавање, а почетната цена на метар квадратен ќе изнесува едно евро. Во новата индустриска зона Каласлари, која од аеродромот Александар Велики е оддалечена 39 километри, а од солунското пристаниште 165 километри, интерес за купување на парцели веќе пројавија компании од Велес и други градови од Македонија, а најавени се и странски инвеститори.

Ќе се гради индустриска зона Каласлари во ВелесПо изградбата на двете индустриски зони Комплекс УЗУС и Речани 2 во Велес вчера беше презентиран проектот за изградба и на третата индустриска зона Каласлари.

Новата индустриска зона, која се наоѓа во непосредна близина на автопатот Александар Велики, кај мотелот Македонија, веднаш до селото Каласлари, ќе се протега на површина од 190.000 метри квадратни. Општината донесе одлука парцелите за изградба на еколошки објекти да се продаваат по пат на електронско јавно наддавање, а почетната цена на метар квадратен ќе изнесува едно евро.

Во новата индустриска зона Каласлари, која од аеродромот Александар Велики е оддалечена 39 километри, а од солунското пристаниште 165 километри, интерес за купување на парцели веќе пројавија компании од Велес и други градови од Македонија, а најавени се и странски инвеститори. Компанијата Леов Компани подолго бара плац од три до четири илјади метри квадратни за изградба на нова фабрика. Од компанијата велат дека само производство на едно место може нивните производи да ги направи поконкурентни на странскиот пазар.

Од локалната самоуправа рекоа дека продажбата на плацевите за изградба на објекти во индустриската зона Каласлари ќе почне до крајот на годинава, а изградбата на електричната, патната и водоводната инфраструктура општината ќе ги започне во почетокот на идната година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik